Во денешно време постојат многу начини да се инсталира апликација која „не е дозовлена за Вашата земја“ преку VPN (Виртуелна приватна мрежа, анг. Virtual Private Network). Упатството подолу користи апликација инсталирана на самиот уред (Orbot) со цел да се инсталира апликацијата LibreLink преку VPN во Вашиот уред за да може да ја користите апликацијата за започнување/читање на сензор Libre1 (или Libre2). Упатствата може да се користат за инсталирање на која било апликација достапна на PlayStore, како и за апликацијата што го чита сензорот Libre3 (апликација Libre3).
Можете да го преземете/прегледате упатството Т У К А
Ова упатство покажува како да го рестартирате (продолжите) сензорот користејќи ја апликацијата DiaBox, така што сензорот би траел уште дополнителни 5-14 дена, покрај фабричките 14 дена од производителот. Имајте предвид дека ова претставува експериментална карактеристика, па затоа користете ја на Ваш сопствен ризик (и не базирајте ги Вашите медицински одлуки откако ќе извршите продолжување на сензорот).
Можете да го преземете/прегледате упатството Т У К А.
Ова упатство покажува како можете да поврзете сензор Libre1 со апликацијата Xdrip+ преку трансмитер („мост“).
Можете да го преземете/прегледате упатството Т У К А.
Ова упатство покажува како можете да поврзете сензор Libre2 со апликацијата Xdrip+ без употреба на трансмитер.
Можете да го преземете/прегледате упатството Т У К А.