Ова е „хакираната“ апликацијата librelink, која овозможува поврзување со xDrip и неколку други Андроид апликации. Имајте предвид дека оваа апликација не врши синхронизација со податоците во облакот на Abbott и нема да можете да ги користите функциите „Abbott's webview“ или апликацијата „LibreLinkUp“ за да ги печатите/покажувате/синхронизирате резултатите од сензорот. Некои корисници ја претпочитаат оваа апликација бидејќи лесно се поврзува со други апликации.
Хакирањето не е мое дело, истата апликација може лесно да се пронајде преку едноставно пребарување на Google.
Може да ја преземете „хакираната“ апликација LibreLink Т У К А.
Веќе стара, но доста корисна апликација. Апликацијата може да ги чита податоците од сензор Libre1 и Libre2 (нивната најнова верзија може да чита сензор Libre 3, но лично го немам тестирано ова), и може понекогаш да рестартира/ресетира сензор Libre1 така што сензорот ќе трае уште дополнителни 10-14 дена. Упаството за како да го направите тоа е достапно овде.
Апликацијата не е мое дело, може да ги разгледате програмерите и скапоцената работа што ја прават преку линкот овде или пак да ја добиете најновата верзија од апликацијата преку Telegram.
Може да је преземете апликацијата DiaBox version 2022-02-15_2 Т У К А.
Едноставна апликација која понекогаш може да рестартира/ресетира сензор Libre1 за да трае дополнителни 10-14 дена.
Користете ја на Ваш сопствен ризик.
Можете да ја преземете апликацијата eDropletNFC3 Т У К А.